Меѓународен ден на Спортот и Мирот
Откажано Европското Мастер Првенство во Пливање
ФИНА (вебинар) Семинар за судии во далечинско пливање
ЛЕН со одлука Европското Јуниорско Првенство да се одржи во Рим-Италија
FINA (webinar) едикација за пливачки судии
ИНФОРМАЦИЈА
ПФСМ сo судија на ЛЕН листа на ватерполо судии
Целата листа: http://www2.len.eu/?page_id=7123&discipline=4
Официјално тројца наши судии на ФИНА листата за технички лица
Целата листа може да ја погледнете на следниот линк: http://fina.org/content/fina-officials-lists#main-content
Претседателот на ПФСМ- Александар Маленко избран за извршен член во Технички Комитет за Далечинско Пливање LEN – TOWSC
Одржан третиот Меѓународен Пливачки Митинг- LEN SKOPJE OPEN 20′
Официјално промовирана првата Национална Стратегија за Пливање (2020-2036г) во С. Македонија
Денес во простории на Олимписки Комитет на Северна Македонија-МОК, од страна на Претседател на ПФСМ Александар Маленко (воедно и член на Управен Одбор на МОК, одговорен за индивидуален олимписки спорт) и највисоко ПФСМ раководство Генерален Секретар Владимир Пејковски, Потпретседател Дарко Петровски, заедно со Претседател на МОК, Г-дин Даниел Димевски, Спортски Директор Владимир Богоевски, официјално ја претставија првата Национална Стратегија за Пливање 2020-2036г, која претставува основ за постигнување континуиран врвен спортски резултат наредни 16год, развој и едукација на пливачки тренери, воведување професионален систем на работа, изградба и раководење на пливачки центри во нашата држава…
Главен збор имаше и Нашиот почесен доживотен Претседател на МОК, Проф.Др.Васил Тупурковски кој истакна колкаво круцијално значење во овој момент има оваа веќе официјално светски призната Национална Стратегија за Пливање 2020-2036г изготвена од ПФСМ.
ПФСМ е и секогаш ќе биде отворена за врвни пливачки таленти, професионални тренери и врвни спортисти. Нека Ни е со среќа на сите.
Целата стратегија може да ја најдете во Документи-Останато, а повеќе слики од целиот настан во Галерија.
ЕУ Ерасмус + Проект “SwimRun“
Пливачка Федерација на Северна Македонија е проект партнер на ЕУ Ерасмус + проектот “SwimRun“, 2021/2022 година.
“World Anti-Doping Agency”
Пливачка Федерација на Северна Македонија како активен член во ФИНА и партнер на Светска Анти-Допинг Агенција ја презентира најновата забранета листа за 2021год. Листата е редизајнирана со цел да се подобри навигацијата и употребата за спортистите.
Целата листа може да ја погледнете тука:
https://www.wada-ama.org/en/resources/science-medicine/prohibited-list-documents
НОВ НАЦИОНАЛЕН КАДЕТСКИ РЕКОРД ВО ДИСЦИПЛИНА 50М ДЕЛФИН
Поставен е нов национален пливачки кадетски рекорд во дисциплина 50м делфин, 0:26сек:37ст од страна на наш кадетски и младински репрезентативец во пливање- 16 годишниот Стефан Цветковски, член на Пливачки Клуб- Скопје, Скопје официјално испливан во Софија, Р.Бугарија, на Отворено Национално Првенство во Пливање (50м -олимписки базен).
Од име на ПФСМ, честитки, со надеж за уште поголеми резултати на идни официјални меѓународни пливачки натпревари преставувајќи ја со гордост нашата држава.
FINA WORLD AQUATICS DAY 2020
Пливачка Федерација на Северна Македонија, како активен член во ФИНА, по втор пат (прв пат 2019г Куманово) беше организатор на Светски Ден на Водени Спортови.
Овој пат, Охрид заедно со Охридско Езеро беа домаќини на Балканско пливање и водени спортови, на 15ти Август (Сабота). На овој настан покрај наши пливачи, тренери со ФИНА лиценца, учествo заземаа и пливачи почетници кои прв пат беа запознаени со основи на пливањето.
Сите учесници по завршување на настанот се здобија со сертификат за учество и брендирани подароци од ФИНА и ПФСМ.
Светската пливачка федерација FINA, го препозна професионализмот и посветеноста на Пливачката федерација на Северна Македонија (ПФСМ), чие раководство деноноќно и макотрпно работеше во изминатиот три годишен период.
Имено, FINA испрати официјално известување до ПФСМ, со целокупна потребна документација, во кое нè известува, дека Северна Македонија е една од дваесет и седумте држави во целиот свет (203 вкупно регистрирани пливачки нации), со стопостотна релизација на официјални FINA светски семинари за обука, едукација и лиценцирање за пливачки тренери, судии и делегати во последните 36 месеци. Врз основа на ова, Северна Македонија доби право да делегира свои лиценцирани FINA – судии за пливање на светска судиска листа – FINA swimming official list #21.
Со ова, за првпат во историја ќе имаме наши претставници за судии и делегати на официјални меѓународни натпревари во пливање: Светски и европски првенства, Младинска олимпијада, Европски олимписки фестивал, Медитерански игри, Олимписки игри (2021 Токио) и Олимписки игри (2024 Париз).
Пливачка Федерација на Северна Македонија како активен член во ФИНА ќе биде дел од секоја официјална ФИНА програма за поддршка на федерации за свои регистрирани пливачи и тренери, репрезентации, се со една единствена цел-постигнување на врвен спортски резултат и достојно преставување на наша држава надвор од граници, на официјални пливачки натпревари.
Повеќе информации може да прочитате на следниот линк: https://fina.org/news/pr-20-fina-allocates-us-64-million-covid-19-support-plan
Поради актуелна состојба со COVID-19 во Светот, Светска Пливачка Федерација-ФИНА во согласност со барање на надлежни органи на Обединетите Арапски Емирати, одлучи да го одложи Светското Првенство во Пливање (25м). Нова официјална дата за одржување е 13-18.12.2021.
Согласно вонредна состојба поради Светска Пандемија- COVID 19, Медитеранска Пливачка Конфедерација – COMEN, каде ПФСМ е активен член, денес преку видео конференција со сите членки, донесе едногласна одлука за одложување на сите Медитерански Куп натпревари за 2020г во водени спортови.
Пливачка Федерација на Северна Македонија како дел од светска пливачка федерација-ФИНА, Ви пренесува официјално соопштение за дата на одржување на идно Светско Првенство во Пливање и Далечинско Пливање, одложено поради светска пандемија -Covid 19. Нов датум за одржување е 13-29.05.2022.