За федерацијата

Пливачка Федерација на Северна Македонија е невладина и непрофитна спортска организација

формирана во Мај 1946г. во Охрид и претставува единствена национална спортска федерација за и од областа на пливањето, во која доброволно и на рамноправна основа се здружуваат членовите на ПФСМ. ПФСМ е самостојна, невладина и неполитичка организација. Седиштето на ПФСМ е во Охрид, на ул. Јане Сандански бр.2-Охрид, а ПФСМ дејствува и работи на територија на Р. Северна Македонија. ПФСМ е член на Олимписки Комитет на Северна Македонија(ОКСМ). ПФСМ е член на FINA и на LEN како единствени организации кои го покриваат пливачкиот спорт, синхроното пливање, скоковите во вода, како и далечинското пливање во Светот и Европа респективно. Основни цели и задачи на ПФСМ се: – поттикнување и унапредување на пливачкиот спорт – реализирање на утврдената програма за развој на далечинско пливање во државата – усогласување и координирање на програмските активности на здружените членки – програмирање, организирање и спроведување на државниот систем на натпревари; – унапредување на стручната работа – селектирање/ подготвување и настапување на државните репрезентации на меѓународните и меѓудржавните натпревари и првенства, утврдување општа политика за paзвoj и унапредување на далечинското пливање; – преку своите органи да донесува општи и поединечни акти и ја организира работата и делувањето на ПФСМ; – ja утврдува намената и условите за користење на финансиски средства – врши антидопинг контрола на своите членови и дозволува антидопинг контрола од овластените членови на ФИНА и ЛЕН, на Светската Анти-допинг Агенција, Националната Анти-Допинг Комисија и други слични национални и меѓународни анти-допинг и спортски организации; – утврдува и доделува награди и признанија;

Органи на ПФСМ се: Собрание на ПФСМ,Претседател,Управен одбор, Надзорен одбор

Генерални информации

Претседател

Александар Маленко- Претседател

тел: +389-77-846444
е-маил: amalenko79@gmail.com, malenko@sfnm.eu

Потпретседател

Дарко Петровски -Потпретседател

тел: +389-70-255-174

Управен одбор:

Александар Маленко – претседател
Стефан Јакимовски – член
Зоран Павлов – член
Стефан Момировски – член
Љупчо Трајковски – член
Дарко Петровски – член
Денис Хаурдиќ – член

Постојани работни тела на ПФСМ се:
Технички одбор за пливање
 Технички одбор за далечинско пливање
Надзорен одбор

Генерален секретар

Пејковски Владимир – Генерален секретар

тел: +389-75-33-88-63
e-маил: pejko@sfnm.eu

Комисии при ПФСМ:

 Регистрациона и Натпреварувачка комисија: Стефан Јакимовски
Дисциплинска комисија: Зоран Павлов

Судиска комисија: Радован Велјановски
Здраствена комисија: Оливер Ѓорѓоски
Стручен совет:
Методија Ангелески – претседател
Андреј Селезенев
Владимир Пејковски

Комисија за лиценцирање на стручно лице (инструктор, асистент тренер и главен тренер):
ФИНА предавач Валтер Бологнани
Проф. д-р. Александар Поповски
Проф. Владимир Пејковски

EnglishMacedonian