Нашите пливачи учествуваа на Медитеранскиот Куп во пливање-КОМЕН

Изминатиот Викенд 15-17.10.2021 Македонија,благодарение на ПФСМ, беше активен учесник на Медитерански Јуниор-КОМЕН Куп во Пливање што се одржа во Белград,Србија.
Нашата јуниорска пливачка репрезентација беше во состав:
Пливачи 
-Сара Јанковиќ
-Катја Танаскоска
-Софија Дамјанова
-Ива Китановиќ 
-Јаков Велковски
-Петар Атанасоски 
Стручен Штаб:
– Банов Иван Главен тренер 
– Стаменов Горан тренер 
 
Резултатите постигнати се во рамки на свои моментални можности,единствено забележителен резултатски напредок и освоено 8мо место имаше Сара Јанковиќ на 800м слободно.
ПФСМ им честита на сите учесници и посакува во иднина уште поголеми успеси кои очигледно доаѓаат со исклучиво професионална работа и целосна посветеност кон остварување на врвен спортски резултат.
Воедно,ПФСМ јавно информира дека и покрај уредно навремено поднесена годишна програма за настап на наша репрезентација (во сите категории на меѓународно ниво) повторно надлежните институции за спорт во нашата држава (Агенција за Млади и Спорт и МОК) помогнаа со НУЛА денари како и последниве четири години на ниво на федерација и официјален репрезентативен настап во пливање и далечинско пливање.

Фина Комитетот за Реформи ги поддржува клучните стратешки препораки

Комитетот за реформи, објавен од претседателот на ФИНА, капетан Хусеин Ал-Мусалам на денот на изборите, 5 јуни, беше формиран за да ги процени потенцијалните промени во ФИНА и да даде стратешки препораки за различни области, вклучувајќи управување, комуникација, маркетинг, родова еднаквост, настани, заштита на спортистите, спортска медицина и спортски развој.

Целиот текст на следниот линк: https://www.fina.org/news/2282846/fina-reform-committee-report-endorses-key-strategic-recommendations

ФИНА ЦНСГ-пливачки маратон светска серија олимписка дисциплина-10км

Сабота 28.08.2021 се одржа ФИНА ЦНСГ-пливачки маратон светска серија олимписка дисциплина-10км. Победник во машка конкуренција е Марк Антоан Оливер – Франција, а во женска Ана Олаз – Унгарија.

ФИНА Ултра Серија-25км “Климе Савин”

Сабота 21.08.2021 се одржа ФИНА Ултра Серија-25км патека “Климе Савин”, во организација на ПФСМ и ФИНА, со учество на 20 пливачи (машка и женска конкуренција) од повеќе земји. Генерален покровител-Претседател на Држава г-дин Стево Пендаровски.
Огромна Благодарност до сите инволвирани лица од ПФСМ, технички комитет КДП-Охрид, езерска полиција, Далма Кетеринг и Хотел Метропол-Охрид за успешна организација. 
Честитки за сите учесници, годинешните победници, а посебно за нашиот претставник Евгениј Поп Ацев кој го зазема третото место.

ЛЕН-Европски Куп во Охрид 21′

Победници на ЛЕН-Европски Куп Охрид-2021г, олимписка дисциплина 10км се Марк Антоан Оливер (Франција) во машка конкуренција и Мартина Де Меме (Италија) во женска конкуренција, кој се одржа благодарние на спортско партнерство на ПФСМ и Агенција за Млади и Спорт, а посебна благодарност до Генерален Покровител- Премиер на Северна Македонија, г-дин Зоран Заев.
 

ПФСМ со свој претставник-репрезентативец на ОИ Токио

Честитки од раководство на ПФСМ за успешен настап на наш преставник-репрезентативец во пливање Миа Еминова Блажевска (16год) на ОИ Токио, која денес настапи во дисциплина 100м слободно со резултат 57:19 и го освои 40то место од 52 натпреварувачки.
Посакуваме во иднина уште поуспешни настапи, финалиња и медаљи од големи официјални меѓународни пливачки натпревари.

Охрид домаќин на важни настани во маратонското пливање

Чест ни е да најавиме дека под покровителство на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во Охрид ќе се оддржат два исклучително важни настани во спортот односно во маратонското пливање. Едниот е “LEN European open water swimming championship” кој ќе се оддржи на 14ти Август, а другиот е “FINA/CNSG marathon swim world series” кој ќе се оддржи на 28 Август. 
 
Настаните имаат за цел да ја подигнат свеста за значењето и важноста на овој значаен спорт, и да ја пренесат пораката дека Република Северна Македонија е подготвена за вакви сериозни и големи пливачки шампионати.  Спортот е еден од приоритетите на Владата на кој интензивно се работи, меѓу кои од посебно значење е токму оддржувањето на вакви светски настани кои јас поставуваат нашата држава на мапата на светски градови со одличен пливачки бекграунд. Актуелната Влада уште од 2017 година, прави сѐ што е потребно спортот да биде во рацете на професионални спортисти и спортски работници препознаени во светот на спортот. Убаво е да се има предводник на извршната власт, којашто има непоколеблива мотивација за силна поддршка на спортот за континуирано обезбедување професионални услови за врвни квалитетни спортски и пливачки можности и за партнерска соработка со сите релевантни светски спортски/пливачки институции и организации.
 
Воедно, очекуваме и посакуваме традиционално од 1992г, институција Претседател на држава да биде генерален покровител на меѓународен Охридски пливачки маратон Св. Наум- Охрид 15км во ФИНА Ултра Серија кој ќе се одржи на 21.08.2021г.
ЛЕН Европскиот Куп во Далечинско Пливање-1окм, оваа година започнува во Охрид, 14.08.2021

Повеќе инфо на следниот линк: http://www.len.eu/?p=18290&fbclid=IwAR1-TvIxlYbtd9zqLryNJ-Y0ovxFWAVM46KujcM7pgAHrZIOkATDE9B8bU0

 

Нашите најдобри младинци учесници на Европско Младинско Првенство во Рим

ПФСМ денес со гордост ги испрати нашите најдобри пливачи- младинци; Стефан Цветкоски и Миа Еминова Блажевска со селекторот Методија Ангелески на Европско Младинско Првенство- Рим (06-11.07.2021). Посакуваме да испливаат свои најдобри резултати и потајно се надеваме на две полуфиналиња. Со среќа!

Нови правила и задолжителна имплементација на секоја федерација членка на ФИНА

ФИНА-Извршен Одбор на итна седница одржана на ден 04.06.2021 донесе нови правила како и нивна задолжителна имплементација на секоја федерација членка на ФИНА. 

Со ова започнува “нова ера” во официјално светско пливање -олимписки спорт бр-1 во светот, начин на професионална системска работа, со една цел- постигнување врвен спортски резултат и заштита на секој регистриран поединец (пливач, тренер, судија, официјално техничко лице) во федерација за водени спортови членка, на ФИНА од несакани негативни појави и настани организирани или наметнати надвор од офицјален систем на работа согласно Статут, правила и прописи на ПФСМ и ФИНА.

Пливачите од ПК- Скопје со нови МКД рекорди во повеќе категории, на ФИНА-критериумски меѓународен натпревар во Софија
Честитки за нашите млади вистински спортски надежи-пливачи (кадети и младинци) и нивни тренери,од ПК-Скопје, кои воедно се и потенцијални репрезентативци по категории,кои на ФИНА-критериумски Меѓународен Пливачки Митинг во Софија, Бугарија 24-27.06.2021г постигнаа неколку МКД рекорди во повеќе категории.
 
Ова е одлична најава за сите млади спортски надежи на кои им престои учество на Европско Јуниорско Првенство во далечинско пливање-Париз, учество на официјален ЛЕН-Европски и ФИНА-Светски Куп во далечинско пливање месец Август, Охрид.како и учество на Централно Јуниорско Првенство, Јули Белград,Србија.
ПФСМ продолжува континуирано да чекори и остварува заедно со сите вистински чинители во професионален систем на работа и постигнување врвен спортски резултат, гордост за наша држава.

Информација

На Светското Собрание на ФИНА кое се одржи во Доха, Катар (04-06.06.2021) г-дин Хусаин Ал Мусалам е избран за нов претседател на ФИНА во период 2021-2025.

Информација

На ПФСМ Управен Одбор донесени се повеќе одлуки во врска со клубови и лица инволвирани во нарушување и повреди на Статут, Етички Кодекс и јавен углед на ПФСМ и македонски олимписки спорт последниве три години.

Воедно, согласно сите законски прописи, од денес и јавно ги објавуваме сите одлуки со што ПФСМ продолжува во спроведување на зацртана цел- целосна професионализација на македонски олимписки спорт- Пливање и Далечинско Пливање согласно и исклучиво по Статут, правила и пропозиции на ПФСМ, ФИНА, МОК и ИОК. 

Нашата единствена цел е постигнување на врвен спортски резултат преку јасни меѓународни спортски критериуми, професионална спортска администрација и гордо претставување на нашата држава во светот.

Сите одлуки може да ги погледнете во: Документи-Останато.

Информација

Европско Првенство во пливање и далечинско пливање, кое се одржуваше изминативе две седмици во Будимпешта заврши. С. Македонија беше претставена со петчлена пливачка репрезентација во пливање, еден во далечинско пливање (10км и 25км) и тренер, како и за првпат во наша пливачка историја со двајца ФИНА лиценцирани судии благодарение на професионална работа и одржување официјални ФИНА семинари на ПФСМ (еден во олимписко пливање и еден во далечинско пливање).

Настапот на сите наши репрезентативци е во рамките на очекувано (подобрување на свои резултати) со што се потврди вистинска слика и анализа од страна на раководство за “стручно професионално работење” во македонското пливање изминативе 12-15год, а тоа е пополнување на последните 5 места во секоја дисциплина (секогаш добро позната флоскула последниве 15год). Пливачите (оние кои настапија овојпат) не се виновни за тоа, туку треба да бидат пред се бескрајно благодарни за укажана можност и доверба за настап (без исполнета минимум ФИНА Б-норма)од страна на ПФСМ раководство и стручен совет.

Искрено, што побрзо ја прифатат реалноста за ИТНА своја промена и доколку сакаат да бидат дел од репрезентација и статус – репрезентативец со користење на сите права и обврски произлезени од спортски критериум- врвен спортски резултат и професионален однос во секој момент, тоа подобро и позитивно за самите спортисти и нов нивен професионален почеток.
 
НАПОМЕНА:
Повеќе од 36 месеци, ПФСМ раководство анализираше, но пред се остави простор на секој тренер и пливач да се истакне со професионална работа и дисциплина за врвен спортски резултат, како и нивна искрена професионална желба за висок пласман и резултат. Воедно, последниве 3год, повеќето од пливачите (со исклучок на двајца) максимално искористија финансиски средства (стипендии месечни,државни буџетски средства и финансиски средства од општини, исклучиво во име на припреми и програма за врвен спортски резултат, спортски ваучери лично за себе и клубови нивни, спонзорства преку потврди за врвни спортисти)а истите ни 1% НЕ се подобрени, туку напротив, толку се уназадени, што веќе неможат ни медаља на регионален митинг да освојат, ама изговори од тренери и пливачи секогаш има и тоа со однапред подготвено разработено сценарио преку портали и медиуми-“федерација и држава не ни дава услови” – НОТОРНА ЛАГА и манипулација последниве 15год, која се граничи со лудост на ментално пореметни личности (сопственици и тренери на пливачи и клубови,родители).
Драги колеги, родители и роднини на пливачи, вистината боли, поготово што доаѓа во момент од кој НЕМА повеќе отстапки и шанси за понатамошна рекреација и бесплатна посета на туристички дестинации преку ПФСМ, под МКД знаме и дрес,заради нечии желби и суети, поткрепени со медиумски притисок со веќе познатите флоскули “ама децата патат, мора да се оди,така е отсекогаш и слични умоболни зборови”.
ПФСМ нагласува дека постои и ќе постои,исклучиво за вистински млади талентирани пливачи,лиценцирани професионални тренери и врвни пливачи,со вистински меѓународни спортски резултати согласно светски признати критериуми.
ПФСМ е, и секогаш ќе биде отворена 24ч дневно,за секој кој сака да работи исклучиво во професионален систем на работа имплементирајќи ја чекор по чекор својата меѓународно призната НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА за ПЛИВАЊЕ 2020-2036г,од страна на најрелевантни спортски светски институции ИОК и ФИНА.

 

Меѓународен ден на Спортот и Мирот

Меѓународниот ден на Спортот и Мирот е годишно одбележување на улогата која спортот ја поседува да поттикне социјални промени, развој и мир. 
Пливачка Федерација на Северна Македонија (ПФСМ) како дел од Светската Пливачка Федерација (ФИНА) и Македонски Олимписки Комитет (МОК) посакува спортот да биде задолжителна гранка во секоја фаза од животот.
Спортот има моќ да го промени светот, да ги зајакне социјалните врски и да ја промовира солидарноста и меѓусебното почитување. Олимписки спорт заедно со врвни спортисти, со своето заслужено место на пидесталот, заслужуваат да бидат наградени со највисоко признание од државата во која живеат и ја претставуваат во Светот. 

 

Откажано Европското Мастер Првенство во Пливање

За жал, по внимателно разгледување на сите можности, поради моменталната светска пандемија  Локалниот Организациски Одбор мораше да донесе тешка одлука за откажување на Европското Мастер Првенство во Пливање кое беше планирано да се оддржи во период од 22.05-06.06.2021.

 

ФИНА (вебинар) Семинар за судии во далечинско пливање

Пливачка Федерација на Северна Македонија во партнерство и професионална соработка со ФИНА во интерес и развој на водени спортови во МКД, објавува дека од 02 Април до 04 Април ќе одржи ФИНА (вебинар) Семинар за судии во далечинско пливање, на кој официјален ФИНА предавач ќе биде Г-дин Џон Смит од Нов Зеланд. 
Посакуваме успешен семинар за сите официјално регистрирани учесници од С. Македонија и официјално пријавени учесници од други пливачки федерации од светот.
 

 

ЛЕН со одлука Европското Јуниорско Првенство да се одржи во Рим-Италија

Европска Пливачка Федерација – ЛЕН донесе дефинитивна одлука оваа година Европско Јуниорско Првенство во пливање да се одржи во Рим-Италија. Дата на одржување од  06 до 11. Јули,2021.

 

FINA (webinar) едикација за пливачки судии

Пливачка Федерација на Северна Македонија (ПФСМ) како активна членка во ФИНА, и единствена призната и надлежна федерација за водени спортови во нашата држава и нејзин меѓународен репрезент во светот, со задоволство објавува дека во период 19-21.03.2021г ФИНА и ПФСМ согласно цврсто спортско партнерство и заедничка стратегија за едукација и развој на сите чинители вклучени во пливачки спорт, организираат FINA (webinar) едикација за пливачки судии. ФИНА предавач е познатиот етаблиран пливачки судија Господин Jens-Christian Iversen од Данска.

 

ИНФОРМАЦИЈА

Пливачка Федерација на Северна Македонија (ПФСМ) со задоволство Ви пренесува порака од Претседател на Европска Пливачка Федерација -ЛЕН, Господин Паоло Барели.
– Европско Првенство во водени спортови ќе биде одржано во предвиден термин 10-23.05.2021 во Будимпешта, Унгарија.
Согласно сите здравствени и санитарни протоколи за одржување меѓународни официјални натпревари, со една единствена цел – здравје и безбедност на секој учесник, како и фактот што за сите европски врвни спортисти во водени спортови ова ќе биде единствен официјален голем натпревар пред Олимписки Игри во Токио, предвидени за одржување во период Јули-Август,2021г.
Секоја нова официјална информација од страна на ЛЕН, ПФСМ како единствена призната и надлежна федерација за водени спортови во Р.С. Македонија, како и нејзин единствен легитимен репрезент во светот, ќе биде веднаш објавена во интерес на наши регистрирани пливачи и тренери кои преставуваат наш приоритет.

 

ПФСМ сo судија на ЛЕН листа на ватерполо судии

После 8 години немање ватерполо спорт и интернационален ватерполо судија во Европската Ватерполо Асоцијација, ПФСМ со гордост објавува и воедно му честита на нашиот ватерполо ЛЕН судија, Г-дин Ристо Дамчевски кој од денес е на ЛЕН ватерполо листа на судии. 

Целата листа: http://www2.len.eu/?page_id=7123&discipline=4

Официјално тројца наши судии на ФИНА листата за технички лица

Официјално пристигна и ФИНА листа за технички лица-судии за олимписко пливање во период од 01.01.2021-31.12.2024г, каде за прв пат во наша пливачка историја официјално (засега) имаме тројца наши судии. 
Честитки од ПФСМ за Стефан Јакимовски, Маја Ивановска и Никола Стојановски.

Целата листа може да ја погледнете на следниот линк: http://fina.org/content/fina-officials-lists#main-content

Претседателот на ПФСМ- Александар Маленко избран за извршен член во Технички Комитет за Далечинско Пливање LEN – TOWSC

Официјално, денес на Управен Одбор на Европска Пливачка Федерација – ЛЕН, нашиот Претседател Александар Маленко избран за извршен член во Технички Комитет за Далечинско Пливање LEN – TOWSC, со мандат од четири години (2020-2024г).
Воедно, со тоа стана и еден од четирите кандидати на ЛЕН за следната година на Изборен Конгрес на Светска Пливачка Федерација – ФИНА,Јуни 2021г, за член во ФИНА Технички Комитет – FINA TOSWC.

Одржан третиот Меѓународен Пливачки Митинг- LEN SKOPJE OPEN 20′

Изминатиов викенд (14-15.11.2020г) на Базен А1- СЦ Борис Трајковски, Скопје се одржа ЛЕН-Скопје Опен (25м базен) Меѓународен Пливачки Митинг.
Во организација на ПК Скопје-Скопје, согласно календар на официјални пливачки натпревари при ПФСМ и согласно здравствен протокол од МЗ, поради светска пандемија КОВИД-19.
Нашите млади пливачи постигнаа одлични резултати за овој период, соборија и неколку рекорди во дисциплини, во свои категории. Најистакнати пливачи кои го обележаа пливачкиот митинг беа: Ева Петровска, Сара Јанковиќ, Катја Танаскоска, со испливани свои најдобри времиња во свои дисциплини.
Честитки за организаторот, раководството на Базен А1-СЦ Борис Трајковски, како и на сите учесници (пливачи и тренери) од нашата држава, како и за пливачи и тренери, учесници од Косово, Србија , Босна и Албанија.
ПФСМ пред се, посакува добро здравје на сите спортисти и тренери, тренинг и нека што побрзо заврши пандемија, како сите би биле подобри, поуспешни и со насмевка на нареден пливачки митинг.
 
Резултатите може да ги погледнете на следниот линк: http://live.swimrankings.net/27085/

Официјално промовирана првата Национална Стратегија за Пливање (2020-2036г) во С. Македонија

Денес во простории на Олимписки Комитет на Северна Македонија-МОК, од страна на Претседател на ПФСМ Александар Маленко (воедно и член на Управен Одбор на МОК, одговорен за индивидуален олимписки спорт) и највисоко ПФСМ раководство Генерален Секретар Владимир Пејковски, Потпретседател Дарко Петровски, заедно со Претседател на МОК, Г-дин Даниел Димевски, Спортски Директор Владимир Богоевски, официјално ја претставија првата Национална Стратегија за Пливање 2020-2036г, која претставува основ за постигнување континуиран врвен спортски резултат наредни 16год, развој и едукација на пливачки тренери, воведување професионален систем на работа, изградба и раководење на пливачки центри во нашата држава…
Главен збор имаше и Нашиот почесен доживотен Претседател на МОК, Проф.Др.Васил Тупурковски кој истакна колкаво круцијално значење во овој момент има оваа веќе официјално светски призната Национална Стратегија за Пливање 2020-2036г изготвена од ПФСМ.
ПФСМ е и секогаш ќе биде отворена за врвни пливачки таленти, професионални тренери и врвни спортисти. Нека Ни е со среќа на сите.

Целата стратегија може да ја најдете во Документи-Останато, а повеќе слики од целиот настан во Галерија. 

ЕУ Ерасмус + Проект “SwimRun

Пливачка Федерација на Северна Македонија е проект партнер на ЕУ Ерасмус + проектот “SwimRun“, 2021/2022 година. 

“World Anti-Doping Agency”

Пливачка Федерација на Северна Македонија како активен член во ФИНА и партнер на Светска Анти-Допинг Агенција ја презентира најновата забранета листа за 2021год. Листата е редизајнирана со цел да се подобри навигацијата и употребата за спортистите.

Целата листа може да ја погледнете тука:
https://www.wada-ama.org/en/resources/science-medicine/prohibited-list-documents

НОВ НАЦИОНАЛЕН КАДЕТСКИ РЕКОРД ВО ДИСЦИПЛИНА 50М ДЕЛФИН

Поставен е нов национален пливачки кадетски рекорд во дисциплина 50м делфин, 0:26сек:37ст од страна на наш кадетски и младински репрезентативец во пливање- 16 годишниот Стефан Цветковски, член на Пливачки Клуб- Скопје, Скопје официјално испливан во Софија, Р.Бугарија, на Отворено Национално Првенство во Пливање (50м -олимписки базен).
Од име на ПФСМ, честитки, со надеж за уште поголеми резултати на идни официјални меѓународни пливачки натпревари преставувајќи ја со гордост нашата држава.

FINA WORLD AQUATICS DAY 2020

Пливачка Федерација на Северна Македонија, како активен член во ФИНА, по втор пат (прв пат 2019г Куманово) беше организатор на Светски Ден на Водени Спортови. 
Овој пат, Охрид заедно со Охридско Езеро беа домаќини на Балканско пливање и водени спортови, на 15ти Август (Сабота). На овој настан покрај наши пливачи, тренери со ФИНА лиценца, учествo заземаа и пливачи почетници кои прв пат беа запознаени со основи на пливањето. 
Сите учесници по завршување на настанот се здобија со сертификат за учество и брендирани подароци од ФИНА и ПФСМ. 

Text box item sample content

Откажано Европското Мастер Првенство во Пливање

За жал, по внимателно разгледување на сите можности, поради моменталната светска пандемија  Локалниот Организациски Одбор мораше да донесе тешка одлука за откажување на Европското Мастер Првенство во Пливање кое беше планирано да се оддржи во период од 22.05-06.06.2021.

 

ФИНА (вебинар) Семинар за судии во далечинско пливање

Пливачка Федерација на Северна Македонија во партнерство и професионална соработка со ФИНА во интерес и развој на водени спортови во МКД, објавува дека од 02 Април до 04 Април ќе одржи ФИНА (вебинар) Семинар за судии во далечинско пливање, на кој официјален ФИНА предавач ќе биде Г-дин Џон Смит од Нов Зеланд. 
Посакуваме успешен семинар за сите официјално регистрирани учесници од С. Македонија и официјално пријавени учесници од други пливачки федерации од светот.
 

 

ЛЕН со одлука Европското Јуниорско Првенство да се одржи во Рим-Италија

Европска Пливачка Федерација – ЛЕН донесе дефинитивна одлука оваа година Европско Јуниорско Првенство во пливање да се одржи во Рим-Италија. Дата на одржување од  06 до 11. Јули,2021.

 

FINA (webinar) едикација за пливачки судии

Пливачка Федерација на Северна Македонија (ПФСМ) како активна членка во ФИНА, и единствена призната и надлежна федерација за водени спортови во нашата држава и нејзин меѓународен репрезент во светот, со задоволство објавува дека во период 19-21.03.2021г ФИНА и ПФСМ согласно цврсто спортско партнерство и заедничка стратегија за едукација и развој на сите чинители вклучени во пливачки спорт, организираат FINA (webinar) едикација за пливачки судии. ФИНА предавач е познатиот етаблиран пливачки судија Господин Jens-Christian Iversen од Данска.

 

ИНФОРМАЦИЈА

Пливачка Федерација на Северна Македонија (ПФСМ) со задоволство Ви пренесува порака од Претседател на Европска Пливачка Федерација -ЛЕН, Господин Паоло Барели.
– Европско Првенство во водени спортови ќе биде одржано во предвиден термин 10-23.05.2021 во Будимпешта, Унгарија.
Согласно сите здравствени и санитарни протоколи за одржување меѓународни официјални натпревари, со една единствена цел – здравје и безбедност на секој учесник, како и фактот што за сите европски врвни спортисти во водени спортови ова ќе биде единствен официјален голем натпревар пред Олимписки Игри во Токио, предвидени за одржување во период Јули-Август,2021г.
Секоја нова официјална информација од страна на ЛЕН, ПФСМ како единствена призната и надлежна федерација за водени спортови во Р.С. Македонија, како и нејзин единствен легитимен репрезент во светот, ќе биде веднаш објавена во интерес на наши регистрирани пливачи и тренери кои преставуваат наш приоритет.

 

ПФСМ сo судија на ЛЕН листа на ватерполо судии

После 8 години немање ватерполо спорт и интернационален ватерполо судија во Европската Ватерполо Асоцијација, ПФСМ со гордост објавува и воедно му честита на нашиот ватерполо ЛЕН судија, Г-дин Ристо Дамчевски кој од денес е на ЛЕН ватерполо листа на судии. 

Целата листа: http://www2.len.eu/?page_id=7123&discipline=4

Официјално тројца наши судии на ФИНА листата за технички лица

Официјално пристигна и ФИНА листа за технички лица-судии за олимписко пливање во период од 01.01.2021-31.12.2024г, каде за прв пат во наша пливачка историја официјално (засега) имаме тројца наши судии. 
Честитки од ПФСМ за Стефан Јакимовски, Маја Ивановска и Никола Стојановски.

Целата листа може да ја погледнете на следниот линк: http://fina.org/content/fina-officials-lists#main-content

Претседателот на ПФСМ- Александар Маленко избран за извршен член во Технички Комитет за Далечинско Пливање LEN – TOWSC

Официјално, денес на Управен Одбор на Европска Пливачка Федерација – ЛЕН, нашиот Претседател Александар Маленко избран за извршен член во Технички Комитет за Далечинско Пливање LEN – TOWSC, со мандат од четири години (2020-2024г).
Воедно, со тоа стана и еден од четирите кандидати на ЛЕН за следната година на Изборен Конгрес на Светска Пливачка Федерација – ФИНА,Јуни 2021г, за член во ФИНА Технички Комитет – FINA TOSWC.

Одржан третиот Меѓународен Пливачки Митинг- LEN SKOPJE OPEN 20′

Изминатиов викенд (14-15.11.2020г) на Базен А1- СЦ Борис Трајковски, Скопје се одржа ЛЕН-Скопје Опен (25м базен) Меѓународен Пливачки Митинг.
Во организација на ПК Скопје-Скопје, согласно календар на официјални пливачки натпревари при ПФСМ и согласно здравствен протокол од МЗ, поради светска пандемија КОВИД-19.
Нашите млади пливачи постигнаа одлични резултати за овој период, соборија и неколку рекорди во дисциплини, во свои категории. Најистакнати пливачи кои го обележаа пливачкиот митинг беа: Ева Петровска, Сара Јанковиќ, Катја Танаскоска, со испливани свои најдобри времиња во свои дисциплини.
Честитки за организаторот, раководството на Базен А1-СЦ Борис Трајковски, како и на сите учесници (пливачи и тренери) од нашата држава, како и за пливачи и тренери, учесници од Косово, Србија , Босна и Албанија.
ПФСМ пред се, посакува добро здравје на сите спортисти и тренери, тренинг и нека што побрзо заврши пандемија, како сите би биле подобри, поуспешни и со насмевка на нареден пливачки митинг.
 
Резултатите може да ги погледнете на следниот линк: http://live.swimrankings.net/27085/

COVID-19 FINA Advisory

FINA Recommendations, control and prevention

Пливачка Федерација на Северна Македонија како активен член на Светска Пливачка Федерација-ФИНА во целост пренесува препораки за превенција за сите активни пливачи во време на Светска пандемија COVID-19 од страна на Светска Здравстена Огранизација и ФИНА.

https://www.fina.org/sites/default/files/fina_covid-19_presentation.pdf

First World Championship Open Water Swiming- 35km, Ohrid 1962

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ПРВ ПАТ ВО СВОЈА ИСТОРИЈА ДОБИ ПРАВО ДА ДЕЛЕГИРА СВОИ ЛИЦЕНЦИРАНИ FINA - СУДИИ ЗА ОФИЦИЈАЛНИ МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ

Светската пливачка федерација FINA, го препозна професионализмот и посветеноста на Пливачката федерација на Северна Македонија (ПФСМ), чие раководство деноноќно и макотрпно работеше во изминатиот три годишен период.

Имено, FINA испрати официјално известување до ПФСМ, со целокупна потребна документација, во кое нè известува, дека Северна Македонија е една од дваесет и седумте држави во целиот свет (203 вкупно регистрирани пливачки нации), со стопостотна релизација на официјални FINA светски семинари за обука, едукација и лиценцирање за пливачки тренери, судии и делегати во последните 36 месеци. Врз основа на ова, Северна Македонија доби право да делегира свои лиценцирани FINA – судии за пливање на светска судиска листа – FINA swimming official list #21.

Со ова, за првпат во историја ќе имаме наши претставници за судии и делегати на официјални меѓународни натпревари во пливање: Светски и европски првенства, Младинска олимпијада, Европски олимписки фестивал, Медитерански игри, Олимписки игри (2021 Токио) и Олимписки игри (2024 Париз).

ФИНА издвојува 6,4 милиони долари за поддршка во борба против КОВИД-19

Пливачка Федерација на Северна Македонија како активен член во ФИНА ќе биде дел од секоја официјална ФИНА програма за поддршка на федерации за свои регистрирани пливачи и тренери, репрезентации, се со една единствена цел-постигнување на врвен спортски резултат и достојно преставување на наша држава надвор од граници, на официјални пливачки натпревари.

Повеќе информации може да прочитате на следниот линк: https://fina.org/news/pr-20-fina-allocates-us-64-million-covid-19-support-plan

Европско Првенство во Пливање (25м) со нова дата за одржување

Европско Првенство (25м базен) поради измена на дата за Светско Првенство доби нова дата за одржување, во иста година. Нова официјална дата е 02-07 Ноември, 2021г Казан, Русија.
 
 

Нова официјална дата за Светско Првенство во Пливање (25m), Абу Даби

Поради актуелна состојба со COVID-19 во Светот, Светска Пливачка Федерација-ФИНА во согласност со барање на надлежни органи на Обединетите Арапски Емирати, одлучи да го одложи Светското Првенство во Пливање (25м). Нова официјална дата за одржување е 13-18.12.2021. 

Одложени сите Медитерански Куп натпревари за 2020г

Согласно вонредна состојба поради Светска Пандемија- COVID 19, Медитеранска Пливачка Конфедерација – COMEN, каде ПФСМ е активен член, денес преку видео конференција со сите членки, донесе едногласна одлука за одложување на сите Медитерански Куп натпревари за 2020г во водени спортови.

ЕП во пливање-Будимпешта со нова официјална дата на одржување

ПФСМ,како дел од Европска Пливачка Федерација -ЛЕН, објавува соопштение со нова дата за одржување на Европско Првенство во Пливање и Далечинско Пливање -Будимпешта, 10-23.05.2021г

Светско Првенство во пливање- Фукуока, доби нов официјален датум на одржување

Пливачка Федерација на Северна Македонија како дел од светска пливачка федерација-ФИНА, Ви пренесува официјално соопштение за дата на одржување на идно Светско Првенство во Пливање и Далечинско Пливање, одложено поради светска пандемија -Covid 19. Нов датум за одржување е 13-29.05.2022.

Please select the id of the revolution slider you created.
EnglishMacedonian